ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Оваа Политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате интернет страната на Контролорот. Контролорот ги собира само оние лични податоци кои се неопходни за да ги оствари сопствените права и обврски.
1. Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци е ДПТУ КОЖУВЧАНКА ДОО Кавадарци, со седиште на ул.Шишка бр.37 Кавадарци, со ЕДБ МК4011995103008. Контролорот е друштво основано согласно одредбите од Законот за трговските друштва и запишано во единствениот трговски регистар кој се води при
Централниот регистар на Република Македонија. Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци, подзаконските акти на Агенцијата за заштита на
личните податоци и актите за технички и организациски мерки за обработка на лични податоци на Контролорот.
2. Корисници и категории на корисници на лични податоци
Контролорот собира податоци поврзани со следниве категории на лица:
* посетители на интернет страната на Контролорот www.kozuvcanka.com.mk. Вообичаено Контролорот собира податоци за навигација кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на интернет страната, како и за одржување на информациска сигурност на истата. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја политика за користење на колачиња на Контролорот.
* лицата кои поднесуваат известувања и барања до Контролорот, по различни основи дефинирани во позитивните прописи кои ја обработуваат проблематиката за заштита на обработката на личните податоци.
3. Категории на податоци кои се обработуваат
3.1. Податоци за навигација
При посетата на интернет страната на Контролорот за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
* интернет протокол (IP) адреса;
* уредот од кој се пристапува, вид и модел;
* оперативен систем;
* видот на пребарувачот, plugins и верзија;
* страните кои се посетуваат на интернет страната и времето кое се минува на секоја страна;
* URL на страната која ве префрлила на интернет страната на Контролорот и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете интернет страната на Контролот;
* јазикот на пребарувачот кој се користи;
* држава (се одредува преку IP адресата).
Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување (на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад). Контролорот самостојно ги одржува серверите. Сите активности на интернет страната ги спроведуваме интерно или екстерно (во зависност од случајот) вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на интернет страната на Контролорот.
3.2. Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат
Лични податоци кои ги прибираме од посетата на интернет страната на Контролорот, се оние кои посетителите доброволно ги доставуваат за конкретни цели, како би се овозможило остварување на правата и обврските на Контролорот. Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: (1) име и презиме, (2) адреса, (3) контакт телефон, (4) факс, (5) email.
4. Како ги собираме личните податоци
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:
* преку користењето на интернет страната, вклучувајќи ги овде и формите кои
се поставени за користење на интернет страната;
* преку електронската пошта на Контролорот,
* преку пошта,
* по факс,
* усно
За усните барања, се подготвува записник кој се потпишува од страна на лицето кое го поднело усното барање и од страна на лицето вработено кај Контролорот, кое го составило записникот и заведено во архивата на Контролорот.
5. Категориите на корисници на лични податоци
Активностите на обработка на лични податоци поврзани со on-line услугите достапни преку интернет страната на Контролорот, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности. Не споделуваме податоци за физички лица кои се добиваат од посета на интернет страната на Контролорот, на трети лица, освен во следните случаи:
* во случај на ангажирање на обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на Контролорот и позитивните прописи од областа на личните податоци и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.
* по барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа
6. Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со позитивните прописи и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на Контролорот.
7. Кои се правата на физичките лица?
Правата на физичките лица, во однос на обработката на нивните лични податоци се:
* право да бидат информирани за обработката на личните податоци,
* право на пристап до личните податоци,
* право на исправка и бришење на личните податоци,
* право на ограничување на обработката на личните податоци,
* право на приговор
За дополнителни информации и остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате Офицерот за заштита на лични податоци – Игор Мицев на следниов e-mail: pravo@kozuvcanka.com.mk или преку телефонскиот број 043/420-975.
8. Право на поднесување на барање до АЗЛП
Ако постојат основи на сомнение дека начинот на кој Контролорот ги обработува личните податоци, ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, лицата може да поднесат барање до Агенцијата за заштита на личните податоци како надзорно тело, по кое ќе се постапува на ист начин како и секое друго поднесено барање, согласно одредбите од Законот за заштита на личните
податоци и подзаконските акти.
9. Промена на политиката за приватност
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и активностите на Контролорот.
10. Поставување на политиката за приватност
Оваа Политика за приватност ќе се постави на официјалната интернет страна на Контролорот.
ПОЛИТИКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА КОЛАЧИЊА
1. Што се колачињата (cookies)?
Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во персонален компјутер или мобилен телефон од страна на интернет страниците кои се посетуваат. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на интернет страниците кои ги посетувате и да помогнат во идентификација на физичките лица кога повторно ќе ја отворите истата интернет страница. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на персоналниот компјутер и кога ќе се исклучи пребарувачот (ќе се премине во oine mode), додека привремените се бришат штом се затвори интернет пребарувачот. Колачињата (cookies) се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат активности и преференциите на потрошувачите (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на интернет страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.
2. Зошто се користат колачиња (cookies)?
На интернет страницата на Друштвото се користат колачиња (cookies) од следниве причини:
* за техничко функционирање на интернет страницата;
* за собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
* за да ги запомниме преференциите на посетителите како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
* за да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.
Кога ја посетувате интернет страната на Друштвото, може да соберат некои податоци од пребарувањето на посетителот, како на пример IP адреса, која содржина од интернет страницата (подстраница) е посетена, кога е посетена и од која интернет страница е посетителот пренасочен. Кога се посетува интернет страната на Друштвото се користат услуги на трета страна Google Analytics за да се соберат стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.
3. Каков вид на колачиња (cookies) се користат?
Друштвото користи постојани колачиња (cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.
4. Можете ли да се избришат или контролираат колачињата (cookies)?
Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на интернет страницата, но истите би овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Овие колачиња (cookies) можете да се избришат или блокираат. Можат да се избришат сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на персоналниот компјутер и можат да се подесат поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку се направи претходното, можеби ќе има потреба рачно да се прилагодуваат преференциите секој пат кога посетувате интернет страната, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.
5. Промена на политиката за колачиња
Политиката за користење на колачиња редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и активности на Друштвото.
6. Поставување на политиката за колачиња
Оваа Политиката за користење на колачиња ќе се постави на официјалната интернет страна на Друштвото.