Search
Close this search box.

БРЕНДОВИ

Кожувчанка ДОО е производител на природно минералната вода КОЖУВЧАНКА, првиот бренд на компанијата, од 1995-та, која низ годините постанува лидер на пазарот, препознатлива по својот квалитет. Таа со години е рангирана како бр. 1 избор на газирана вода со најдобар сооднос на квалитет-цена.


ИЗВОРСКА е природна, негазирана вода, прва на нашиот пазар која е произведена во единствена и поинаква – ЕКО амбалажа. Таа во својата категорија се искачува на врвот откако постанува омилена вода за секојдневно консумирање на македонскиот потрошувач.


Кожувчанка од Кавадарци е официјален застапник и дистрибутер и на омилените безалкохолни пијалаци на македонската трпеза – SINALCO.

Овој познат, германски бренд датира од далечната 1905-та година кога го произведува првиот газиран сок со вкус на портокал.

SINETTA пак е овошен сок од истиот производител, достапен во широк спектар на вкусови со богат, освежувачки вкус. ENERGIS енергетскиот пијалак, како и SINALCO ICE TEA исто така се дел од Sinalco светот, во нашата земја.


Компанијата Кожувчанка по долго функционирање во делот со безалкохолни пијалаци (вода и сокови) решава и отвора Погон за производство на пиво – Македонска пиварница со единствен начин на дистрибуција на свежо точено, НАШЕ МАКЕДОНСКО ПИВО. На фамилијата алкохолни пијалаци неколку години подоцна се приклучува и не-пастеризираното пиво – LIFER.

Scroll to Top