Search
Close this search box.

НАШАТА КОМПАНИЈА

Кожувчанка ДОО е формирана во 1993-та година во Кавадарци, Македонија. Основана е од браќата Никола и Стојан Јанчеви, со првична цел истражување и експлатација на минерална суровина и вода во подножјето на Кожуф планина. По истражувањето на изворот, компанијата добива дозвола и концесија за експлатација, и со официјалниот почеток во 1995-та година почнува и развојот нa Кожувчанка како прва приватна минерална вода.

 

  Во годините што следуваат водата Кожувчанка станува лидер на пазарот, препознатлива по својот квалитет, а компанијата по лојалноста и флексибилноста кон потрошувачите.

 

  Во 2005-та година Кожувчанка ДОО потпишува договор со Германскиот бренд Sinalco, и до ден денес е производител и официјален застапник на омилените безалкохолни пијалаци на пазарот.

 

  Во 2008-ма година ја лансира Природната вода Изворска. Во оваа, втора деценија, Кожувчанка како компанија инвестира во погоните за производство, следејќи ги сите светски стандарди. Исто така ја проширува својата дистрибуција и денес соработува со 30 дистрибутери низ целата држава.

 

  Во годините што следуваат Кожувчанка ДОО инвестира и во други помали и поголеми проекти за развој, нови линии, а отвора и Пиварница со единствен начин на дистрибуција на Свежо точено Наше Македонско пиво. На фамилијата алкохолни пијалаци неколку години подоцна се приклучува и не-пастеризираното пиво Lifer.

 

  Денес, Кожувчанка е компанија со 150 директно вработени лица и многу повеќе индиректни, а партнер е со 5 поголеми компании од својата област. Своите производи ги извезува во Европа, Северна Америка и Австралија и може да се пофали со едно од најбогатите портфолија во државата, со 70 SKU-а од 5 брендови, натаму инвестирајќи во нови амбалажи, како и иновативни, функционални води.

 

  Кожувчанка ДОО, по нивните татко и чичко, успешно ја менаџираат и водат до успех д-р Митко Јанчев, по кој на чело на истата денес е неговата сестра г-ѓа Јанинка Чупаркоска.

Scroll to Top