Планинска минерална вода од еколошки чиста средина
Кожувчанка е минерална вода од висока А класа полнета со природен CO2.
Извира на југ од Македонија поточно во срцето на Балканскиот полуостров од длабочините на Кожув планина. Далеку од урбаните загадувачи, извира од чиста и еколошка средина. Изворот на минералната вода Кожувчанка е на надморска височина од 900 метри, а минералната вода извира од длабочина од 85 метри, носејќи со себе богатство од минерали кои се во идеален и постојан состав од изворот до производствениот капацитет доаѓа во затворен систем со цевковод користејќи ја силата на гравитацијата овозможена од висинската разлика што само по себе гарантита висок квалитет и исклучува можност од бактериолошки загадувања и други надворешни влијанија. 
Кожувчанка во основа е магнезиум калциумова минерална вода но во себе содржи и богатство од минерали кои се во идеален сооднос што ја прават единствена по квалитет. Кожувчанка е бистра, чиста, лесна, питка минерална вода од висока А класа со постојан и идеален сооднос на минералите. Минералната вода Кожувчанка со овие квалитети и со современиот начин на производство ги задоволува и најновите светски стандарди. Затоа Кожувчанка е застапена и на светскиот пазар.
Капацитетот и квалитетот на изворот Кожувчанка е дар од природата но за да го почуствуваме тоа сите ние огромна заслуга има менаџерскиот тим на Кожувчанка.
www.kozuvcanka.com.mk
Copyright © 2008 Kozuvcanka. All rights reserved.